Приказната на Антониј

Престанете да се плашите. Животот е многу подобар на другата страна

Антониј е 26-годишен активист од Македонија, кој преку уметноста ги раскажува своите тешки искуства за тоа како е да се биде геј на Балканот, и влева надеж за подобри времиња на сите оние кои се соочуваат со истото.

Се викам Антониј Караџоски, потекнувам од Прилеп, Македонија и сум геј. Кога имав 21 година, една вечер одев по улицата, и наеднаш група млади лица почнаа да ме навредуваат и да извикуваат "Педер!" Беа во кола и кон мене фрлија стаклено шише, обидувајќи се да ме прегазат. Почнав да бегам и се сокрив внатре во една зграда. Потоа почнав гласно да се смејам... Не можев да поверувам колку погрешно и забегано беше ова општество.

И токму во тој момент, сфатив нешто. Знаев дека завршив со Македонија, и дека не можев повеќе да останам тука. Попрво би се мачел на некое друго место, каде барем би бил побезбеден од овде. Два месеца подоцна заминав, и така започна моето патување. Донесов храбра одлука, се спакував и заминав. Тоа воедно беше и најтажната и најстрашната одлука којашто ја имам направено... Но гледајќи сега наназад, тоа беше и вистинската одлука.
ВЕРБА ВО СОПСТВЕНИТЕ ИНСТИНКТИ
Ја имав првата симпатија кога имав 13 години, и тогаш за првпат почувствував дека ме привлекува истиот пол
Истовремено, чувството беше она вистинското, но и погрешно, поради општеството во коешто живеев. Особено бидејќи растев во конзервативно општество, каде овие чувства не се прифатени, па мислев дека нешто не е во ред со мене. Се чувствував како да имав некоја болест, а вака и ден-денес повеќето луѓе на Балканот ја опишуваат хомосексуалноста.

Но не сакав да го игнорирам ова чувство и знаев дека момчето што ми се допаѓаше го чувствуваше истото за мене. Тоа потоа доведе и до мојот прв бакнеж со момче. Но, поради тоа што не ги игнорирав овие чувства, бев напаѓан и малтретиран, додека живеев во Прилеп. Нападите доаѓаа од оние што ги знаев - луѓе со кои одев во училиште и луѓе со кои живеев во иста населба.
Coming out
a process of open and voluntary disclosure by a person of own sexual orientation or gender identity and/or the result of it. The expression comes from the well-established English-language expression "coming out", which in its turn comes from "coming out of the closet" (literally "to come out of the closet", the meaning is "get out of the dark, to open"). Possible spellings: coming-out, coming out.
Додека живеев во Прилеп, постојано се криев. Излегував со девојки се обидував да се вклопам во хетеронормативното општество. Но длабоко во себе умирав
Heteronormativity
the belief that heterosexuality, predicated on the gender binary, is the norm or default sexual orientation. It assumes that sexual and marital relations are most fitting between people of opposite sex
Бев екстремно несреќен, депресивен, се повредував... дури се обидов и да се самоубијам. Сепак сето тоа доста добро го криев и никој не знаеше што се случува со мене. Но, без оглед на тоа што беше прифатливо во општеството, никогаш не се откажав од ова чувство. Тоа што им верував на моите инстинкти ме направи многу посилен и ми помогна да станам она што сум денес.

Излегувањето од плакарот беше едно долго и тешко патување за мене.

За првпат излегов од плакарот кога имав 18 години, тогаш се преселив во Скопје да студирам архитектура. Запознав девојка, која што сега ми е и најдобриот пријател. Една вечер пиевме заедно и таа едноставно спонтано ме праша дали сум геј. Во тој момент почнав да се потам и да мрморам... и реков ДА, и почнав да плачам. Тоа беше првиот пат кога навистина се прифатив себеси. После тој момент, полека започнав ова да им го кажувам и на моите пријатели, и сите тие ме прифатија без проблем. Симнувањето на маската беше најдоброто чувство на светот, не морав повеќе да се преправам. Животот во Скопје тогаш ми изгледаше добро, започнав да запознавам и други луѓе од ЛГБТИК заедницата... ја имав и првата љубов, и започнав се повеќе и повеќе да се отворам и прифаќам себеси.

Брат ми беше првиот член од моето семејство што дозна кој навистина сум. Тој беше и се уште е голема поддршка во мојот живот, заедно со мајка ми. Со неа зборував за ова првпат кога таа дојде да ме посети во Амстердам, пре две години. Ми кажа дека секогаш знаела и дека разбира зошто морав да заминав, дека доколку останев во Македонија, никогаш немаше да имам добар живот. Таа виде дека сум среќен во Амстердам и дека тука можам да бидам себеси, без никој да ме осудува поради тоа. Мајка ми е многу горда на мене и таа е мојата најголема поддршка. Години наназад, никогаш не мислев дека ќе имам таков однос со нејзе, дека ќе можам отворено да зборувам за моите врски и дека ќе ги слушам нејзините совети. Секогаш мислев дека ќе бидам отфрлен, и дека семејството ќе се обиде да ме "излечи", или пак дека ќе бидам срам за семеството... Но на крајот, се случи тотално спротивното, и навистина сум благодарен за тоа.

Понекогаш ми недостасува мојот претходен живот, особено семејството и пријателите. Тешко е кога не си опкружен со луѓето што најмногу ги познаваш, луѓето со кои си растел... Но знам дека тие многу ме поддржуваат и дека се секогаш тука за мене. Сакам во целост да го живеам животот и да им помагам на луѓето најдобро што можам, а за да го направам тоа, морам да бидам на место каде што можам да бидам себеси и да бидам најдобрата верзија од себе.
ДОЛГИОТ ПАТ ДО СЕБЕСПОЗНАВАЊЕТО
Првата дестинација надвор од Македонија беше Словенија, каде што се преселив во 2015 година
Мојата интеграцијата таму помина доста добро, и станав дел од ЛГБТ организацијата Друшто Парада Поноса, која ми помогна и со првата изложба на една моја кампања. Благодарение на организацијата, запознав и многу луѓе во Љубљана. Но по неколку месеци таму, почувствував дека можеби овој град и не е вистинското место за мене. На почетокот беше извонредно да се живее во еден нов град, да се искуси нова култура... но нешто сепак недостасуваше.
Но исто така во себе размислував дека ова е мојот нов дом и дека треба да го искористам тоа најдобро што можам. Набрзо потоа отидов на еден тренинг курс во Атина, организиран од страна на Stichting art.1 – организацијата каде што сега работам. Ја презентирав својата работа (тоа е проектот "Култура на понижување", за кој ќе разговараме подолу) и тие беа прилично изненадени од неа! Потоа ме поканија да ја презентирам работата за време на меѓународниот Queer& Migrant филмски фестивал во Амстердам. Имав покана да останам во градот на месец дена, но веднаш штом пристигнав таму, имав чувство дека сум дома!

Никогаш немав намера да живеам во Амстердам, но гледајќи ја културата и луѓето, чувството да се биде таму беше она вистинското. Во градот го имате она чувство на слобода, луѓето едноставно си ја бркаат сопствената работа и нема осуда или пак предрасуди за било кого.
Се навлеков на ова чувство, бидејќи за мене тоа на некој начин беше новитет. Во една конзервативна земја како Македонија, секогаш го имате чувството дека некој ве следи и постојано сте осудувани од страна на луѓе кои не ги ни познавате
Во Македонија живееме за мислењата на другите, а не за нас самите. Луѓето ви кажуваат што тие очекуваат од вас, а во Амстердам, едноставно тоа го немаше. Сепак беше некако тешко да се интегрирам во Холандија. Постоеја доста предизвици. Западна Европа се разликува од Балканот не само по менталитетот, туку и по работната навика и работните методи. И потребно е некое време за човек да привикне на начинот на којшто функционираат западните општества.

Најголемиот предизвик со кој се соочувам на работа е дека во неа секогаш влегувам со емоциите и срцето, а не со главата. А луѓето во Холандија настапуваат доста рационално и логично, нешто што понекогаш и не ми е прифатливо. Ова ме донесе во доста неволји, но од друга страна, пак, ми помогна да ги достигнам своите најголеми успеси и да станам тоа што сум.
УМЕТНОСТА КАКО ИСЦЕЛИТЕЛ
Во Скопје студирав архитектура и се уште многу ја сакам оваа професија. Но животот ми тргна во поинаков правец
Никогаш не очекував дека ќе станам активист за човеки права и артивист... но бидејќи имав многу тешки искуства, токму и тоа се случи. А сега, сретнувајќи луѓе кои поминале низ истото, а некои и низ многу полошо, не можам да се замислам себеси без да им помагам на другите. Се гледам себеси како се повеќе напредувам во ова пола и сум задоволен кога правам другите околу мене да се среќни, особено оние кои поминале низ доста тешки работи. Тоа е она што ме тера да продолжам напред. Понекогаш, само да се биде тука за овие луѓе е и повеќе од доволно. Додека растев никогаш го немав тоа....

Ова е една доста тешка работа, и доста емоционална исто така. Во иднина, се гледам себеси како Амбасадор на добра волја. Во моментот работам со ЛГБТ бегалци во Холандија, со ЛГБТ заедницата во Азербејџан и на Балканот. Но сакам да напредувам се повеќе и повеќе и да го зголемам своето знаење.
Речиси сите мои проекти се поврзано со артивизмот. Во 2016 година, тоа беше релативно нов термин којшто го научив од еден од најпознатите артивисти на денешницата – а тоа е мојот драг пријател и инспирација, Даниел Арзола.

Тој исто така има искусено брутална хомофобија во Венецуела. Тоа се случи во неговиот роден град Маракај. Даниел имал само 15 години. Тамошните луѓе го врзале за електричен столб, мѕ ги соблекле чевлите и пантолоните, го гореле со цигари, му ги уништиле цртежите и се заканиле дека ќе го запалат. Причината за малтретирање била неговата сексуалната ориентација. Траумата што Арзола ја претрпел по тој напад го спречила да создава уметност цели шест години потоа. И начинот на кој тој успеа да се излекува од тоа ужасно искуство преку артивизам, е исклучително инспиративен. Кога ја видов неговата артивизам кампања "Јас не сум шега", веднаш почувствував силна поврзаност со неа.

Тој исто така има искусено брутална хомофобија во Венецуела и начинот на кој успеал да заздрави од тоа ужасно искуство преку артивизмот, беше навистина инспиративно! Главната разлика помеѓу активист и артивист е тоа што уметноста се користи како ненасилен метод за кршење на стереотипите и дискриминацијата, особено во репресивните општесва. Секој може да се поврзе со ова, и артивизмот е навистина нешто што може да ги поврзе луѓето.
Уметноста е универзална сила. Таа е алатка што може да користи ограничени средства и да создаде нешто навистина моќно!
Може да влијае и да инспирира промена, нешто што може да се движи преку политичките и културолошките подлеби и е еден од најдобрите начини за да ја изразиме нашата човечност.

Мојот нов проект се нарекува "Млади артивисти за промена" и се фокусира на учеството на младите во проекти поврзани со човековите права, ЛГБТ заедницита и родовата еднаквост во четири земји од регионот: Македонија, Србија, Албанија и Косово. Во проектот учествуваат 17 организации од регионот, заедно со млади активисти и артивисти, и има за цел да им понудат тренинзи поврзани со раскажувањето на приказни (storytelling), создавањето на подкасти и филмови во еден безбеден простор, создаден за намената на проектот. Ги учиме да изразуваат себеси на ненасилен начин, да ги споделуваат своите приказни и да направат разлика во општествата во коишто живеат. Не можам да опишам колку сум среќен поради тоа што сум назад во регионот и што можам да придонесам со она што го научив во изминатите години. Среќен сум поради тоа што можам да постигнам нешто преку сите овие искуства, и дека конечно сум во положба да му дадам нешто на регионот, кој се уште се соочува со доста тешки општествени битки.
КУЛТУРА НА ПОНИЖУВАЊЕ
Кога ја создадов кампањата "Култура на понижување", никогаш не претпоставував дека ќе има постигне толку големи резултати
Создавајќи ја кампањата беше начин да се изразам себеси и да заздравам од минатото и од траумите кои ги имав. Како што работев на неа, се чувствував се повеќе и повеќе ослободен, и беше прекрасно да ги кажам работите коишто ги мислев, но преку уметноста. И ова не беше само за да се биде слушнат, туку за да им се помогне на другите. Преку споделувањето на мојата приказна, сакав да им покажам на други кои поминуваа низ истото или дури и низ полошо, дека не се сами.

Секогаш има надеж за подобри денови. И верувам дека самиот сум жив доказ за тоа. Ефектите од кампањата не само што го спасија и променија мојот живот, но направија и многу повеќе. Нејзиното продолжение беше серија на семинари насочени кон спречување на малтретирањето и сајбер-малтретирањето на средношколците и младите луѓе. Тие се одржуваат во училиштата и младинските центри во Словенија, организирани од страна на ЛГБТ-организацијата "Друштво Парада Поноса". Децата се учат за ефектите од малтретирањето и сајбер малтретирањето. Кампањата исто така е и сведоштво за моќта на артивизмот.
На ЛГБТ заедницата, сакам да и порачам дека нејзините членови треба да се прифатат себеси и да веруваат во себе, без разлика на она што им вели општеството. Престанете да се плашите... знам дека звучи невозможно, но и јас поминав низ сето тоа, и ви ветувам дека животот потоа е навистина многу подобар. Знам дека ова звучи како клише, но се започнува со вас. Ми беа потребни години за да го разберам ова, но кога сте навистина себеси, никој не може да ви наштети. Ќе бидете посилни од било кога!

На стрејт заедницата, сакам да и кажам дека е од големо значење да започне да се едуцира себеси на оваа тематика. Престанете да се плашите и отворете се повеќе. Почнете да доаѓате на настани кои се организирани од ЛГБТ заедницата, бидејќи таму ќе разберете многу повеќе за животите на ЛГБТ лицата.
Text and translation into English: Bojan Stojkovski. Photo: Philip Nedelkovski. Editing: Anastasiia Sechina. Illustration: Natalia Makarikhina. Translation into Russian: Irina Galina.
more stories